Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Март
2018

Куба – Први општи избори по Кастро

0
Куба денеска ги одржува првите општи парламентарни избори по шестдецениска власт на семејството Кастро. Повеќето од кандидатите за пратеници во националниот парламент доаѓаат од семоќната Комунистичка партија од кои половина се жени.


Новиот парламент во април ќе треба да назначи влада од 31 член (државен совет) на чие чело ќе биде претседателот на државата. Претседателските избори пак ќе се одржат следниот месец ,а актуелниот претседател Раул Кастро најави дека нема да се кандидира за нов мандат. Очекувањата се дека нов претседател ќе биде 57-годишниот Мигел Дијаз – Канел кој сега е потпретседател.


Како што јавуваат медиумите,86-годишниот Раул кој е брат на починатиот долгогодишен лидер на Куба, Фидел Кастро, сепак останува највлијателен во Комунистичката партија. Раул ја презеде власта од братот Фидел во 2006 година. Фидел беше на чело на земјата од револуцијата во 1959 година.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса