Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Март
2018

Заев на средба со делегација од ЕУ за радикалниот екстремизам

0

Македонија и Европската унија имаат заеднички политики и пристап во борбата против радикалниот екстремизам, истакнал премиерот Зоран Заев на денешната средба со делегација на Европската служба за надворешни работи на ЕУ, предводена од заменик генералниот директор за заедничка безбедносна и одбранбена политика, Педро Серано.

 

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, е нагласена подготвеноста на Македонија да учествува во заедничките политики и акции на ЕУ за справување со овие појави, како и поставеноста и капацитетите на институциите за одговор на овие прашања во нашата земја.

 

Националните стратегии за спречување насилен екстремизам и за борба против тероризам, што ги усвои македонската Влада, како што рекол Заев, се појдовна основа за институционално дејствување, и се подготвени врз основа на препораките на ЕУ. Претставниците на Европска служба за надворешна работи на Европската Унија, како што се наведува во соопштението, изразиле силна поддршка за идна соработка на ова поле и нагласиле дека на Македонија и стојат на располагање сите искуства, мерки и поддршка од институциите на ЕУ.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса