Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Апрель
2018

Агенцијата за млади ја повлекува поезијата со дискриминаторски содржини

0
По бројните негативни рекции за стихозбирката „Млади поети“ издадена од Агенцијата за млади и спорт, во која се објавени и песни кои   изобиливаат со  говор на омраза, вулгарности, дискриминација, сексизам и албанофобија,пресс конференција одржа  директорот на Агенција, Дарко Каевски. Тој ги осуди песните во кои има навредливи содржини, и истакна  дека комисијата била должна да направи селекција на песните и да го извести  како директор за забелешките.


„Професионална одговорност мора да има, мора да се знае кој го премолчел ова и дозволил да се случи.“ рече Каевски.


Додаде  дека веќе разговарал со претседателот на комисијата, кој му тврдел дека не сметале дека треба да прават селекција на песните и дека секој има право на слобода на говор.


„ Треба да има слобода на говор, но не и  говор на омраза. Ги повлекуваме сите печатени изданија. Нема повеќе место за говор на омраза и дискриминација" вели Каевски.


Тој  рече дека засега не поднесува оставка од функцијата директор и дополни дека  поважно да се открие кој е виновен за скандалот.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса