Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Апрель
2018

Белгија им издала визи на пет хомосексуалци од Чеченија

0
Белгиските власти соопштија дека им издале хуманитарни визи на 5 хомосексуалци од Чеченија кои се соочуваат со прогон поради нивната сексуална ориентација. Белгискиот државен секретар за азил и миграција, Тео Франкен денеска изјави дека петмина мажи добиле визи од белгиската амбасада во Москва.


На 3 април руската група која ги брани правата на ЛГБТ заедницата изјави дека им помогнала на 114 лица да ја напуштат Чеченија за да избегнат прогон поради нивната сексуална ориентација.


Русија се соочи со меѓународен притисок во однос на третманот на ЛГБТ луѓето во Чеченија, чиј лидер поддржан од Кремљ, Рамзан Кадиров е на власт повеќе од една деценија. САД и европските влади ја повикаа Русија да спроведе истрага за наводната кампања за злоупотреби, вклучувајќи тортура и убиство против хомосексуалците во Чеченија, за кои првично беше објавено во април 2017 година од страна на независниот весник Новаја Газета.


 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса