Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Апрель
2018

Директорот на српската Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ оди на Косово

0
Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, кој пред 12 дена беше приведен и депортиран од Косово, денеска ќе замине повторно за северно Косово да присуствува на полноќна Велигденска литургија во манастирот Бањска.


Таа информација е потврдена и од Министерството за надворешни работи во Приштина, како и од советникот на шефот на дипломатијата Јетлир Зиберај, кој за весникот Газета експрес изјави дека „посетата е одобрена“.


Заминувањето на Марко Ѓуриќ на Косово се случува само по 12 дена од неговото приведување и инцидентите во Косовска Митровица на 26 март, кои Приштина го аргументираше како негова провокација и непочитувањето на процедурите за посетата, по што тој беше депортиран од Косово. Србија потоа го стопираше Бриселскиот дијалог со Косово, а претставниците на српската листа ја напуштија косовската влада и започнаа со изработка на статутот на Заедницата на српски општини, со што српско-косовските односи уште повеќе се заострија.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса