Закажана седницата за рускиот одговор на американските санкции
Рускиот предлог-закон за борба против „непријателските дејствија на САД и другите странски држави“, ќе и овозможи на владата на Путин да го забрани или ограничи увозот на стоки и услуги од САД. Меѓу стоките кои можат да бидат забранети или ограничени се лекови, алкохол, тутун, земјоделски и индустриски производи, технолошка опрема и компјутерски софтвер, но Русите ќе можат да донесат голем број предмети во земјата за лична употреба.
