Ципрас: Односите со Турција се нестабилни
Ципрас рече дека за источниот сосед на Грција има „порака за соработка“, но и „порака за одлучност“.
"Многупати, навистина, сме се нашле во тешки времиња, соочени со однесување за кое нема оправдување, со провокативен и агресивен став на нашите соседи. И навистина, овие денови минуваме низ таков период на нестабилност, кој не е во согласност со принципите за добрососедство, ниту со меѓународните правила", изјави грчкиот премиер.
Тој порача дека неговата земја сака соработка, меѓусебно почитување и мирен соживот со соседите. Односите меѓу Грција и Турција се влошија изминатите недели поради спорната граница во Егејското море и правото за истражување на нафта и гас кај крајбрежјето на поделениот остров Кипар.
