Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Апрель
2018

Могерини и Хан: Македонија и Албанија да почнат преговори

0
Шефицата за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини на денешната заедничка прес-конференција со еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека Европската комисија за Македонија и Албанија препорачува отворање на преговорите за членство во ЕУ.


Таа при презентирањето на извештаите за напредокот на земјите кон членството во ЕУ истакна дека Македонија и Албанија добиле препорака врз основа на цврстиот напредок кој го направиле и мерките кои биле преземени, при што резултатите започнале да пристигнуваат. Според неа, препораката е охрабрување за земјите да продолжат со реформите, што е од есенцијално значење.


„Земјите мора да обезбедат реформите комплетно да се имплементираат. Не бидејќи тоа Брисел го бара, туку тоа и граѓаните го очекуваат од нивното лидерство“, рече Могерини.


Хан посочи дека ЕУ уште еднаш ја покажува посветеноста на политиката на проширување и биле препознаени напорите на Македонија и на Албанија, кои направиле многу во последните месеци. Она што треба да се направи, повтори тој е да се спроведат и продлабочат реформите. Според него, земјите се на добар пат, направиле резултати, но далеку се од завршена работа.


„Важно е да се каже дека нема скратен пат до ЕУ, важно е да се каже дека целиот процес е заснован на заслуги, кој работи брзо и на тоа што треба да се направи ќе биде награден. Но, најважен е квалитетот, не само брзината“, рече Хан.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса