Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Апрель
2018

Могерини: За десет месеци направивте голем чекор кон ЕУ

0
Ја носам добата вест дека ЕК препорача почеток на преговорите за членство. Се вративе назад на добрата патека. Можете да славите и потоа да се вратите на работа,изјави високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини на заедничката прес конференција во Владата со премиерот Зоран Заев.


 Могерини рече дека времето што е пред Македонија треба да се искористи позитивно и храбро, што се однесува за спорот за името и најавите од Грција дека не може да се реши спорот до јуни. 


Таа рече дека засега не може да предвиди што  би се случило до Самитот , но дополни  дека  има  уште  два месеци.


Премиерот Зоран Заев рече е убиден дека Македонија  ќе добие датум за преговори со ЕУ. Рече   дека ако во мај се изнајде решение ќе има време за сѐ. 


Тој вели дека сега е добро време за да се реши спорот со Грција. 


Могерини истакна дека  добиената препорака од Европската комисија  е заеднички успех на Владата, Парламентот, опозицијата и сите граѓани на Македонија.


"Овој резултат е заеднички на Владата и опозицијата и тие заедно треба да ги продолжат и следните чекор и да ја преземат одговорноста за тоа", порача Могерини


Премиерот Заев истакна дека по спроведените реформи, Договорот за добрососедство со Бугарија, на добар пат сме да го решиме и отвореното прашање со Грција. Побара од ЕУ да остане фокусирана на Македонија и најави дека Владата продолжува со потрените реформи. Очекува датум за почеток на преговорите во јуни годинава. Нагласи дека интеграцијата во ЕУ и НАТО е врвен и стратешки интерес на Македонија



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса