Иванов-Могерини: Одредување датум позитивно ќе влијае врз реформите
"Деблокирањето на интегративните процеси преку одредувањето на датум за почеток на пристапните преговори, позитивно ќе влијае врз реформските процеси и врз целата општествено-политичка состојба во Република Македонија“, соопшти Кабинетот на Иванов.
Претседателот порачал дека позитивната препорака за отворање на пристапни преговори за Македонија и Албанија, има охрабрувачко влијание за кредибилноста на ЕУ и перспективата на целиот регион.
На средбата претседателот Иванов и Могерини, размениле мислења и во однос на тековните разговори за прашањето за разликата околу името, соопшти претседателскиот кабинет.
