Трамп и Макрон ќе разговараат за иранскиот нуклеарен договор
Макрон треба да ги посети САД од 23 до 25 април, а на крајот на посетата ќе се обрати на заедничка седница на Конгресот.
Трамп се заканува дека ќе се повлече од договорот кој шесте светски сили го потпишаа со Техеран за ограничување на нуклеарната програма во замена за олеснување на санкциите. Трамп го постави 12 мај како рок до кога треба да се поправи или укине договорот што го потпиша неговиот претходник Барак Обама. Трамп го обвини Техеран дека го крши духот на договорот.
Американските сојузници го повикуваат Трамп да остане на договорот, велејќи дека тоа е најдобар начин да се спречи Иран да развие нуклеарно оружје.
Техеран вели дека е посветен на договорот сè додека сите страни го почитуваат, но оти тој ќе пропадне ако Вашингтон се повлече.
