Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Апрель
2018

Антивладини протести во Унгарија

0
Илјадници Унгарци протестираат втора недела по ред против политиките на повторно реизбраниот премиер Виктор Орбан. Организаторите велат дека синоќа на протести ширум Унгарија излегле повеќе од 100 илјади луѓе, додека околу 30 илјади протестирале во Будимпешта.


Организаторите велат дека протестите се непартиски и на нив учествуваат луѓе од различни политички партии.


Владејачката партија Фидеш победи на парламентарните избори на 8 април, со што Орбан доби трет мандат по ред и четврти вкупно како премиер. Критичарите го обвинуваат дека ги ограничува слободите и се обидува да ја претвори Унгарија во, како што вели, „илиберална држава“.


Владејачката партија најави дека набрзо ќе го донесе законот со кој во голема мера се ограничува работата на невладините организации за помош на бегалци и азиланти.


Организаторите на протестот сметаат дека провладините државни медиуми и приватните медиуми поврзани со Фидеш, а финансирани со државни пари, одиграле голема улога во изборниот резултат.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса