Нова рунда преговори за името во среда во Виена
Грчкиот информативен портал Ин минатата недела објави дека новата средба се планира под голема тајност, но индиректно ја поврзува и со изјавата на Коѕијас за радиото 247 дека не може да се постигне договор до јулскиот НАТО Самит.
Никола Димитров и Никос Коѕијас, како што веќе беше соопштено по нивната средба во Охрид, ќе се сретнат и на двете конференции кај јужниот сосед, едната на 3 и 4 мај во Солун, другата една седмица подоцна во Сунио. Првата е регионална конференција со учество на Македонија, Албанија, Бугарија и домаќинот Грција, која веќе неколку пати се има одржано во истиот формат и се однесува на меѓуграничната соработка. На 11 и 12 мај, местото Сунио на 70-тина километри во Атина, ќе биде домаќин на Конференцијата за иднината на Европа.
