Екс генералниот секретар на НАТО Робертсон во посета на Скопје
Во делегацијата ќе бидат и Росен Плевнелиев, поранешен претседател на Република Бугарија, Лордот Кристофер Геијд, поранешен приватен секретар на Кралицата на Обединетото Кралство и член на Горниот Дом на британскиот парламент, Роберт Гелбарт, амбасадор и член на Атлантскиот Совет, Ален Ле Роа, амбасадор на Република Франција, Генералот Берни Вајт Спанер, поранешен Командант на британските копнени сили и други.
За утре попладне е закажана заедничка прес-конференција, по која ќе се одржи и панел дискусија на која ќе учествуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, Џорџ Робертсон, Росен Плевнелиев и Ален Ле Роа. Вечерта, пак, во организација на Кабинетот на Премиерот, за високата делегација ќе биде организиран прием на кој домаќин ќе биде претседателот на Владата Зоран Заев.
