Талибанците соопштија дека почнуваат со пролетна офанзива во Авганистан. Милитантната група во соопштението објавено на нивната веб страна наведува дека најмногу ќе се фокусираат на “убивање и заробување на американските освојувачи“. Како втор приоритет, посочуваат, ќе им бидат внатрешните поддржувачи на Американците, односно авганистанските власти и сили.