Започна средбата за спорот за името во Виена
Во Њујорк е соопштено дека Нимиц ќе им „асистира на двете страни во изнаоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето со името“. Македонската влада се надева дека решение би можело да биде постигне во текот на оваа година. Нимиц во минатиот месец изјави дека е „оптимист“, но оти „се уште има тешки прашања за решавање“. Неколку можни имиња се во игра, а најмногу се спомнува Горна Македонија.
