Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Апрель
2018

Шекеринска продолжува со средбите во Вашингтон

0
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на вториот ден од официјалната посета на САД се сретна со заменик – помошникот на секретарот за одбрана Лора Купер и со високи официјални лица во Стејт Департментот. На средбата со Купер, како што се навeдува, американската политичарка истакнала дека САД високо го ценат прогресот на реформите во Македонија и посветеноста на стратешката цел - членството во НАТО, како и дека внимателно ќе ги следат состојбите во следните неколку месеци, во пресрет на Самитот на Алијансата.


Како што соопшти Министерството за одбрана Шекеринска се сретнала сопрвиот заменик – помошник секретар во Бирото за европски и евроазиски работи на Стејт Департментот, Елизабет Милард, која како што се наведува, оддала признание за напредокот, кој го постигнала земјата само една година по кризните настани во Собранието и потенцирала дека САД се силен пријател на Македонија кој одблизу го следи и поддржува прогресот на земјата.


Во Стејт Департментот министерката се сретна и со заменик - помошник секретарот Метју Палмер, кој истакна дека работите во Македонија се одвиваат многу бргу, а земјата е подготвена не само да биде членка на НАТО, туку членка која активно придонесува во Алијансата.


Шекеринска во Вашингтон разговараше и со директорот на Меѓународниот републикански институт, Даниел Твининг и со регионалниот директор на ИРИ за Европа, Јан Суротчак. Целта на средбите на министеркатаво САД е да се обезбеди цврста американска поддршка во пресрет на Самитот на НАТО.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса