Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Апрель
2018

Патријархот Кирил на литургија во Тирана

0
Патријархот московски и на цела Русија Кирил, кој вчера допатува во прва посета на Албанија, денеска, заедно со поглаварот на Албанската афтокефална православна црква (ААПЦ) Анастас Јанулатос, ќе чиноначалствува со литургија во соборниот храм „Воскресение Христово“ во Тирана, во сослужение на свештеници од двете цркви. 


Подоцна, ААПЦ ќе биде домаќин на официјалниот ручек во хотелот „МАК Албани“. Во попладневните часови, во 18 часот, ќе се организира културна прослава во Културниот центар на соборниот храм „Воскресение Христово“, а ќе биде промовирана книгата „До краиштата на земјата“ на поглаварот Јанулатос на руски јазик.


Вечер, претседателот Илир Мета ќе организира официјална вечера во „Палатата на бригадите“. Утре патријархот Кирил ќе има официјални средби со претседателот Мета и со премиерот Еди Рама, а пред заминување ќе го посети и новиот манастир „Св. Влаш“ во близина на Драч и Теолошката православна академија, која се наоѓа во кругот на манастирот.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса