Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Апрель
2018

Шилегов ги праќа оџачарите на обука за почист водух

0
Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов изјави дека ќе се обучуваат  25 оџачари со цел надвор од грејната сезона да започне со справување со проблемите со загадувањето. Според него, депонијата „Дрисла“ повеќе нема да загадува бидејќи има филтер, а постепено ќе се решаваат сите индикатори кои екстремно високо го загадуваат воздухот.


„Бидејќи нема оџачари, Град Скопје заедно со Министерство за труд и социјална политика, но и Агенцијата за вработување, ќе спроведе обука што ќе трае три месеци. Лицата што ќе се обучуваат ќе добиваат по 9.000 денари, а по завршување, освен сертификат, ќе добијат и материјали потребни за чистење оџаци“, рече Шилегов.


Според градоначалникот, тоа нема да го реши проблемот со загадувањето, но ќе помогне во справувањето со тој проблем. Тој вели дека во Скопје има околу 60.000 оџаци кои не се чистат.


 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса