Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Май
2018

Турски карикатурист кој одлежа затвор награден по повод Светскиот ден на слобода на печатот

0
Турскиот карикатурист Муса Карт, кој е осуден на повеќе од три години затвор, денеска ја освои Меѓународната награда за цртеж во печат.Наградата се доделува на секои две години на истакнати карикатуристи, особено на оние кои работат во услови на авторитарните режими.


Карт од опозицискиот весник „Џумхуриет“, беше еден од 14 соработници на весникот, кои добија казни затвор од 2,5 до 7,5 години по обвиненија за поддршка на терористички организации. Осудените беа обвинети за врски со движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој според Анкара, стои зад обидот за преврат во јули 2016 година, како и за поврзаност со бунтовниците од Курдската работничка партија.


Карт (64) беше осуден на три години и девет месеци затвор. Нему му е забрането да ја напушта земјата додека чека завршување на жалбената постапка на пресудата. По обидот за преврат, Карт мина девет месеци во затвор.




 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса