Северна Кореја: Мировните разговори загрозени од провокации на САД
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Северна Кореја денеска ги обвини САД за „намерно провоцирање“ на Пјонгјанг во обид да се поткопа сегашната атмосфера на дијалог.
Претседателот на САД Доаналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун треба да се сретнат во следните неколку недели.
Трамп на 4 мај рече дека датумот и локацијата за средбата се познати, одбивајќи притоа да открие повеќе детали.
