Путин инаугуриран за претседател на Русија
На инаугурацијата и претходеа демонстрации против Путин во саботата во Москва и во други градови на Русија, а кои се одржаа на повик на опозиционерот Алексеј Навални под паролата „Тој не е цар“. Тогаш беа приведени околу илјада и шестотини луѓе. По инаугурацијата Владата автоматски поднесува оставка, а Путин со указ именува мандатар за состав на нова влада.
