Владата ги укинува ограничувањата на времето на продажба на алкохол
Според овој Предлог продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и понатаму треба да се врши во лиценцирани продажни објекти, но при тоа нема да се бараат посебни услови за продажба на алкохолни пијалаци, ниту ќе се ограничуваат малопродажните објекти во кои ќе се врши продажбата. Продажбата на алкохолните пијалоци ќе се дозволи и во киосците. Исто така со Предлогот на закон не се ограничува времето за продажба на алкохолни пијалаци во малопродажните објекти во трговијата.
