Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Май
2018

Заев: На средбата со Ципрас ќе разговараме за досега договореното

0
Премиерот Зоран Заев изјави дека следната средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас не е средба за конечно решение на спорот за  името. Според Заев, самитот во Софија, кој треба  да се одржи на 17 мај, не е од дел од вообичаените состаноци кои однапред си ги закажуваат Скопје и Атина, туку средба во рамките на самитот. Тој посочи дека целта на состанокот ќе биде да се рекапитулира она што досега било дискутирано меѓу двете земји и во исто време да дадат насоки за следните чекори


„Целта е да направиме еден рекапитулар на тоа што досега е разговарано, да го потврдиме и да знаеме дека сме го завршиле, а истовремено да дадеме и насоки и на министрите. Времето е кратко и се појавуваат информации дека се ќе се реши на 17 мај, но не е така, бидејќи суштински е делот што е останат за разговори“, вели Заев.


Премиерот Заев дополни  дека средбата со Ципрас е на маргините на самитот на ЕУ во Софија


„Таму ќе бидат сите премиери на ЕУ, а и на Западен Балкан како земји кандидати за членство во ЕУ. Јас се уште немам точен термин кога ќе биде средбата, но знам дека грчката страна потврди дека на маргините ќе најдеме време да се видиме” изјави Заев.


 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса