Белата куќа се надева дека ќе се одржи самитот САД-Северна Кореја
"Се уште се надеваме дека состанокот ќе се одржи и ќе продолжиме по тој пат. Во исто време ние сме подготвени дека овие може да бидат тешки преговори ", изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, во интервју за Фокс њус.
Сандерс додава дека претседателот е подготвен ако средбата се одржи, а ако не, ќе продолжат со кампањата за максимален притисок што е во тек. Сандерс говореше откако Северна Кореја ги прекина разговорите на високо ниво со Јужна Кореја закажани за денеска, а во врска со заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја, по што пак се појавија сомневања дали самитот ќе се одржи на 12 јуни во Сингапур, како што беше планирано.
