Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Май
2018

Завршни зборови за „Тенк“, СЈО бара осудителна пресуда за Груевски

0
Специјалното јавно обвинителство во завршните зборови за предметот „Тенк“ побара судот да ги прогласи за виновни, поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник-министер Ѓоко Поповски, како и тие да ги платат судските трошоци во висина од околу 5000 евра.


Обвинителот Гаврил Бубески порача дека Груевски додека бил премиер дејствувал со директна умисла и делото го направил од лична желба, но со буџетски средства.


Адвокатите на одбраната во завршните зборови посочија дека набавката на возилото била неопходна поради безбедносни и технички причини. Адвокатот Сања Алексиќ рече дека не се докажува делото за кое е обвинет Груевски и предложи ослободителна пресуда.


Груевски, Поповски и поранешната министерка на министерството за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на која и се суди во одвоена постапка се обвинети за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса