Британската премиерка Тереза Меј во Скопје на средба со Заев
Меј е предвидено да се сретне и со ЛГБТ активисти на Меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија. Таа ќе ја заврши посетата со говор на прием во Собранието.
„Оваа година кога одбележуваме 25-години од дипломатските односи меѓу Македонија и Велика Британија, врските меѓу нашите земји се посилни од кога и да е“, соопшти нејзиниот кабинет кога ја најави посетата на Меј. Таа е првиот британски премиер кој стапнал на Западен Балкан по посетата на Тони Блер во 1999 година.
