Закажана нова средба за името во присуство на Нимиц
Како што јави МИА од Атина, средбата, во исто време со нашето, ја соопштија и од грчкото Министерство за надворешни работи.
Онлајн изданието на весникот „То вима“ коментира дека оваа средба, можеби е и последна шанса за договор.
" Оваа средба е од исклучиво значење и особено клучна за текот на преговорите. Можеби е и последна шанса за напредок по „бродоломот“ со името „Илинденска Македонија“ и враќањето на петте почетни имиња што ги достави Метју Нимиц. Секако, двете имиња што преовладуваат се Нова и Горна Македонија и веројатно разговорите ќе се движат околу овие сценарија" пишува електронското издание на грчкиот весник.
