Богов ја предаде функцијата на Бежоска: Седум години имавме стабилен банкарски систем
„Во периодот 2011-2017 година просечната стапка на инфлација во Македонија изнесуваше 1,5 проценти, а во еврозоната 1,2 проценти. Девизниот курс на денарот во однос на еврото беше одржан на стабилно ниво, апокрај оние редовни турбуленции имавме и два силни шока, едниот беше грчката должничка криза, а другиот домашната политичка криза што кулминираше со шпекулативниот напад на девизниот курс и стабилноста на банките“, рече Богов.
