Владата не го менува предлогот, се чека утрешната средба Димитров-Коѕијас
„Да ја почекаме средбата од која ќе имаме официјална информација што ќе ја споделиме со јавноста. Сметаме дека дадениот предлог од наша страна по лидерската средба ги одразува севкупно сите аспекти што се потребни за да се заштити идентитетот, и на македонскиот народ, меѓутоа ги одразува и сите останати делови кои ја обележуваат Македонија како мултиетничка држава. Сметаме дека тоа е добар предлог за конечно решение, рече Бошњаковски.
