Ципрас: Одредница пред името Македонија е голема победа за нас
Грчкиот премиер не дал информации за актуелните преговори во Њујорк, туку одговорил на обвинувањата на грчката опозиција дека владата го дава името македонија, објави МИА.
„Имаат државен ентитет што 70 години се вика Македонија, а немаат никаква врска со Александар Велики и со овој историски тек. Имаат словенски и албански корени и го признаваат тоа. Што значи, ако добиеме одредница пред името Македонија е голема победа и уште поголема да се договориме дека едно е нашата Македонија што доаѓа од долгата традиција на грчкиот антички свет, а друго е нивната традиција и нивниот културен знак“, изјавил Ципрас.
