Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Май
2018

САД воведуваат царини за увоз на метали за ЕУ, Канада и Мексико

0
Вашингтон обајви дека воведува царини за увоз на алуминиум и челик од Канада, Мексико и Европската унија - по  завршување на двомесечното  ослободување и откако не доби остапки од своите сојузници.


Американскиот секретар за трговија Вилбур Рос рече дека царината  од 25 отсто за увоз на челик и царината од 10 отсто за увоз на алуминиум од ЕУ, Канада и Мексико ќе стапи на сила на 1 јуни. "Со нетрпение очекуваме да продолжиме со преговорите, како со Канада, така и со Мексико од една страна, и со Европската комисија, од друга страна, бидејќи има и други прашања што исто така треба да ги решиме ", рече Рос.


Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска рече дека ЕУ ќе објави мерки за "контрабалансирање" како одговор против царините на САД. 


Сесилија Малмстром, европски комесар за трговија, рече дека ЕУ сега е подготвена да "поведе предмет за решавање спорови" во Светската трговска организација (СТО).


 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса