Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июнь
2018

Трамп: Русија треба да се врати во Г7

0
Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека земјите членки на Г7, “треба да дозволат враќање на Русија во елитната група", четири години откако беше исфрлена, тогаш од Г8, поради анексијата на Кримскиот регион од Украина.


Коментарот на Трамп даден денеска доаѓа пред тридневниот самит во Канада на кој се лидерите на индустриски најразвиените земји.


“Зошто имаме состанок без Русија? Треба да ја пуштат Русија внатре, оти треба да ја имаме таа земја на преговарачката маса” рече Трамп.


Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков одговори наведувајќи дека “Русија останува фокусирана на формати поинакви од Г7”. Тој претходно неделава рече дека релевантноста на групата опаднала во последниве години и дека други формати како Г 20, се поважни за нив. Во Г7 се Канада, САД, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Британија.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса