Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июнь
2018

Штрахе: Ова е само почеток на борбата против политичкиот ислам

0
Австрискиот вицеканцелар Хајнц Кристијан Штрахе, во интервју за виенски „Остерајх“ изјавил дека одлуката на владата за протерување имами и за затворање џамии под влијание на политичкиот ислам е само почеток. Со ова тој му одговори на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој, коментирајќи ја оваа одлука на австриската Влада, рече дека „Турција нема да гледа со скрстени раце“.


„Сигурно постојат уште многу организации и скриени културни здруженија што го прекршуваат законот за ислам и против кои треба да се дејствува доследно“, вели Штрахе во интервјуто, во кое ги отфрли и критиките што Владата дејствувала за време на Рамазан и непосредно пред претседателските избори во Турција.


На изјавата на Ердоган дека Турција „нема да гледа со скрстени раце на случувањата во Австрија“, австрискиот вицепремиер вели: „Изјавите на Ердоган покажуваат дека Турција сака да влијае врз политиката на европските земји. Австрија сигурно нема да дозволи такво нешто“.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса