Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июль
2018

Уапсен уште еден осомничен за убиството на амбасадорот Карлов во 2016

0
Tурските безбедносни сили денеска уапсија уште едно лице осомничено за вмешаност во убиството на рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов во декември 2016 година.


Според официјалното соопштение, станува збор за поранешен полицаец, идентификуван како Уфу Г., кој е упасен под сомнеж дека биле припадник „на ќелија на терористичката организација“ на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, во која членувал и атентаторот на Карлов, Мевљут Мерт Алтанташ.


Амбасадор Карлов беше убиен на 19 декември 2016 година додека држеше говор на отворањето на изложба во уметнича галерија во Анкара. Извршителот на нападот Алтанташ беше убиен на самото место од страна на турските безбедносни сили.


Во рамки на истрагата за убиството на Карлов беа уапсени и раководтелот на медиумската групација „Гуру“, Хајредин Ајдинбаш и организаторот на изложбата Мустафа Озкан.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса