Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июль
2018

Спасовски вели дека зад пропагандата против ЕУ и НАТО стои мала криминална група

0
Македонија подолг временски период е изложена на интензивна субверзвивна пропаганда дејност, поврзана со интеграциите на земјата во ЕУ и НАТО, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.


Зад пропагандата, нагласи, стои мала криминална структура која не дејствува идеолошки, туку сака да ги реализира своите лични интереси.


Станува збор за мала и слаба група, која заради лични интереси е гласноговорник во одредена структура, а целта е во јавноста да се создаде впечаток дека во Македонија има критична маса што ќе може да ги спречи интеграциите во ЕУ и НАТО. 


“Тие преку таквите процеси гледаат како да се извлечат од кривичните пријави покренати против нив или нивни блиски луѓе, нагласи министерот”, одговорајќи на пратеничко прашање од Павле Богоевски.


И тактиката и тежиштето и интензитетот на таа субверзивна кампања со значителен интензитет се совпаѓа со политичкиот момент на Република Македонија, смета министерот. МВР и другите надлежни служби во соработка со партнерските служби на РМ ја набљудуваат целата состојба во однос на евентуалните ризици за земјава, но ниту една истрага не смее да се води преку медиумите.


Премиерот Зоран Заев кон средината на месецот обелодени дека проруски бизнисмени им плаќале на учесници во протестите и дека полицијата за ваквите плаќањата дознала по приведувањето на неколку учесници во насилните протести пред Собранието минатиот месец, кога договорот со Грција влезе во собраниска процедура. Се споменуваат суми од 13 до 21 илјади долари за организирање насилни демонстрации пред референдумот. 


 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса