Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2018

Исплатена последната транша од европската помош за Грција

0
Европскиот стабилизациски механизам денеска соопшти дека ја исплатил последната транша од помошта за Грција во висина од 15 милијарди евра. Во соопштението на механизмот се посочува дека од вкупната сума, 9,5 милијарди се наменети за создавање на фонд, кој треба да и помогне на Грција за покривање на финансиските потреби за период од речиси две години.


Останатите 5,5 милијарди евра од средставта се предвидини за исплата на доспеаните рати од кредитите на Грција.


Според директорот на Европскиот стабилизациски механизам, Клаус Реглинг, исплатата на последната рата од помошта е доказ дека Грција изминала долг пат за време на тригодишната програма за спас и дека „посветеноста и жртвувањето на грчкиот народ вродиле со плод“. 


Исплата на последната транша од помошта за Грција доцни неколку недели, првенствено поради резервите на Германија, која се противеше на трансферот, тврдејќи дека Атина не ги исполнила во целост преземените обврски со програмата за спас. 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса