Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2018

Продолжува рочиштето за предметот на СЈО „Титаник“

0
Во Кривичниот суд денеска продолжи преслушувањето на аудио материјалите поднесени како доказ во предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој се обвинети повеќемина поранешни функционери.


„Бомбите“ почнаа да се слушаат вчера, а по барање на Специјалното јавно обвинителство седум од вкупно 1.063 бомби ќе бидат слушнати без присуство на јавноста, бидејќи се работи за приватни разговори. Во судницата присутни се сите обвинети, како и вешто лице од областа на информатиката и телекомуникациите.


Вчера беше договорено рочиштата заради мајчинските обврски на поранешната министерка Гордана Јанкуловска да се одржуваат во периодот од 10 до 12 часот по што ќе следи пауза од еден час, потоа од 13 до 15 часот со пауза од еден час и од 16 до 18 часот. 


За предметот „Титаник“, од страна на СЈО поднесени се 5.910 материјални докази и предложени се 191 сведок. Во предметот обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и други поранешни фукнционери.  


 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса