Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2018

Авганистанскиот претседател Гани во посета на Газни по талибанските напади

0
Авганистанскиот претседател Ашраф Гани го посети градот Газни, една недела откако талибанските борци спроведоа напад врз стратешкиот провинциски главен град и заземаа неколку населби.


Талибанските борци и натаму се позиционирани на периферијата на градот, а авганистанскиот претседател пристигна денеска со хеликоптер, наместо да патува 120 километри од Кабул низ главниот автопат во земјата.


Во извештаите се вели дека две ракети паднале во градот откако Гани ја посетил најблиската џамија со племенски старешини и локални безбедносни претставници. Третата ракета паднала во близина на река.


Авганистанските власти велат дека никој не бил повреден од ракетите и оти Гани не бил во опасност. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот со ракетите.


Посетата на Гани доаѓа неколку часови откако секретарот за одбрана на САД Џим Матис изјави дека ситуацијата во Газни е „многу постабилна“ откако многу од талибанските борци се повлекле во периферијата на градот. Но, Матис исто така потврди дека некои талибански борци и натаму се во Газни.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса