Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2018

Северна и Јужна Кореја ги рестартираа обединувањата на семејствата

0
Семејства од Северна и Јужна Кореја денеска плачеа и се прегрнуваа за време на нивните први обединувања откако биле разделени за време на Корејската војна пред повеќе од шест децении.


Конвој со 14 автобуси денеска влезе во Северна Кореја носејќи 89 семејства од Јужна Кореја да се сретнат со своите роднини во одмаралиште во Северна Кореја.


Средбите со роднините ќе траат вкупно 11 часа во следните три дена. 89 Корејци беа придружувани од полиција и медицински персонал додека ја поминуваа границата низ Демилитаризираната зона.


Обединувањата продолжуваа по тригодишна пауза, откако двете земји се обидуваат да ги намалат тензиите по средбите на претседателот на САД Доналд Трамп со лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун во Сингапур.


Ким и претседателот на Јужна Кореја Мун Џае Ин се договорија да ги рестартираат обединувањата, а разговараа и за зголемена соработка на двете земји во други области.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса