Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2018

Папата Франциск вети крај на сексуалните злоупотреби и заташкувања од католичките свештеници

0
Папата Франциск побара прошка за сексуалните злоупотреби од католичките свештеници, признавајќи дека болката на жртвите „долго време била игнорирана, премолчувана или замолчувана“. Во писмото без преседан до сите католици ширум светот, напишано на седум јазици, тој ветува дека такво нешто веќе никогаш нема да се повтори.


Неговото писмо до 1,3 милијарди католички верници во светот е одговор на откритијата во САД за децениски сексуални злоупотреби и заташкувања од католичките свештеници. На 17 август во Пенсилванија беше соопштено дека најмалку 1000 деца биле жртви на сексуални злоупотреби од околу 300 свештеници во изминатите 70 години. Во извештајот од истрагата се наведува дека генерации католички бискупи не преземале мерки да ги заштитат жртвите или да ги казнат сторителите.


Писмото на Папата Франциск доаѓа во пресрет на неговата посета на Ирска на 25 и 26 август, која е една од земјите кои се потресени од скандалите со сексуална злоупотреба од свештенството.


Во писмото упатено до „Божјиот народ“, Папата Франциск, како и неговиот претходник, Папата Бенедикт XVI, ветува „нулта толеранција“ за злоупотреба на деца, но постојано излегуваат нови скандали.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса