Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2018

Утре почнува судењето за случувањата во Собранието на 27 април

0
Во Кривичниот суд во Скопје утре почнува нова постапка за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година. Предметот ќе го води судијката од организиран криминал Добрила Кацарска.


Јавното обвинителство поднесе обвинителен акт против 30 лица, од кои 28 за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а две лица за помагање при вршење на истото кривично дело.


Според Обвинителството, со обвинителниот акт се опфатени три лица, припадници на структурите на Министерството за внатрешни работи, кои како овластени службени лица биле носители на „златна“ и „сребрена“ команда, како и лица кои биле учесници во друга група, како организатори на движењето „За заедничка Македонија“. 


Основниот суд Скопје 1 првата главна расправа по предметот за настаните од 27 април 2017 година во Собранието ја закажа за 22 август годинава во 10:00 часот, а за следниот период се закажани вкупно 37 термини за главна расправа.


Обвинителот Дарко Јакимовски, кој го застапуваше обвинението за обидот за убиство на Зијадин Села, на едно од последните рочишта за првиот случај, најави дека е можно проширување на истрагата и против други лица, поради како што тогаш кажа, обезбедени нови докази за случувањата во Собранието. 


 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса