Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2018

Уапсен руски државјанин во Германија под сомненија за планирање напад

0
Руски државјанин е уапсен во Германија под сомненија за заговор за извршување на исламски екстремистички напад со користење на експлозиви.


Канцеларијата на германскиот обвинител денеска соопшти дека 31-годишен маж идентификуван како Могамед Али К., бил уапсен во Берлин и оти неговиот дом бил претресен од страна на властите.


Обвинителите велат дека во 2016 година тој во неговиот стан складирал „значително количество“ експлозив ТАТП, со цел да изврши напад во Германија.


Властите велат дека апсењето било поврзано со истраги во Франција против лице именувано како Клемент Баур, кој било уапсено во март 2017 година во Марсеј под сомненија за планирање напад во Франција.


Обвинителите велат дека германскиот Федерален суд на правдата се очекува на 23 август да донесе одлука за притвор на Могамед Али К.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса