Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2018

Заштитениот сведок препозна тројца од обвинетите во „Монструм“

0
На денешното судско рочиште за предметот на СЈО „Монструм“, заштитениот сведок препозна тројца од обвинетите за петкратното убиство кај Смилковско езеро. Сведокот со кодно име Е1 во судницата рече дека 4 лица со возило „голф 3“ црна боја и затемнети стакла 4-5 дена пред 12 ти  април секој ден доаѓале кај Смилковско Езеро.


Автомобилот бил со регистерска табличка 822, рече сведокот, и ги опиша лицата кои ги видел.


"Еден беше висок, црн, со лузна, постар, со седа коса, околу 50-годишна возраст, друг келав, со брада, 35-40 години и уште еден со брада. Не изгледаа како да одат на риболов“, рече сведокот.


Тој во судницата ги препозна обвинетите , Агим Исмаиловиќ и Сами Љута. И уште еден кој не е обвинет, но во моментот не е во судницата, за кој рече дека не смее да го посочи од безбедносни причини.


Пред почетокот на судењето судијата, по барање на обвинителката Фатиме Фетаи, образложи дека е почната постапка за екстрадиција на двајца обвинети, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се наоѓаат во Косово.


За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.


Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите и ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса