Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2018

Ескалира трговскиот спор меѓу САД и Кина

0
САД и Кина денеска меѓусебно ги зголемија тарифите, во ескалација на трговскиот спор околу кинеската политика за технологија. Зголемувањето на давачките за 25 проценти, кои беше претходно најавено, стапи на сила во услови кога пратеници од двете земји ќе се сретнат во Вашингтон да разговараат на високо ниво за трговскиот спор.


Засега нема знаци на напредок кон решавање на жалбите на САД дека кинеските компании крадат технологија и дека плановите за индустриски развој на Пекинг ги прекршуваат обврските на Кина за слободна трговија.


Новите давачки се однесуваат на 16 милијарди долари од секој страна, вклучително за автомобили, отпадни метали од САД и Кина и електронски компоненти.


Во првата рунда на зголемување на тарифите, американскиот претседател Доналд Трамп на 6 јули наложи 25 отсто зголемени давачки на 34 милијарди долари кинески увоз. Кина одговори со слични казни за истиот износ на увоз на САД. Кина го критикуваше зголемувањето на САД како кршење на правилата на Светската трговска организација.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса