Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2018

Нетанјаху: ЕУ ќе зажали што му помага на Иран

0
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека „ЕУ ќе зажали заради својот план за економска помош за Иран, објави германската новинска агенција ДПА.


Изјавата на Нетанјаху доаѓа по одлуката на Европската унија да му додели на Иран 18 милиони евра, како дел од напорите за зачувување на нуклеарниот договор, откако САД повторно воведоа санкции против Техеран.


„Мислам дека да се даваат пари на тој режим во овој момент е голема грешка и тоа треба да биде запрено. Каде ќе одат тие екстра пари? Тие нема да одат за решавање на проблемите со водата во Иран, нема да одат на иранските возачи на камиони. Тие ќе одат за проектили и Револуционерната гарда во Иран, Сирија и други места на Блискиот Исток“, ирече Нетанјаху за време на неговата официјална посета на Литванија.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса