Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2018

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги донира парите за кампања за референдумот кои им следуваат

0
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека парите за кампања за референдумот кои им следуваат ќе ги донираат. Од партијата очекуваат тоа да го направат сите политички субјекти. „Наместо промоција на штетни договори кои и носат само штета на државата, да направиме нешто полезно за општеството и граѓаните“, соопштија од партијата.


Пратеничката група на ВМРО-ДМПНЕ испратила известување до претседателот на Собранието Талат Џафери во кое посочува дека одлуките на Владата за пренамена на средства од буџетите на определени институции, како и дополнителните префрлања од владини институции на Собранието на Република Македонија за финансирање кампањи е своеволна и не е од интерес на граѓаните на РМ.


„Финансирање на своеволна кампања од власта со буџетски средства на граѓаните е погрешна одлука. Тие средства никој не им одобрил на пратениците од власта или нивните функционери да ги трошат за себерекламирање“, се вели во известувањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.


Од владејачката СДСМ, преку соопштение, повикаа ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи референдумот.


„ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со неоснованите обвинувања и ширењето лажни вести во надеж дека ќе успее да собере ситни политички поени,да се фокусира на клучната одлука пред којашто е исправена Македонија и да даде поддршка на влезот во ЕУ и НАТО, цели за кои ВМРО-ДПМНЕ тврди дека се нивен врвен интерес, стои во соопштението на СДСМ.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса