Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2018

Намалени борбите во источна Украина по примирјето

0
Украинската армија и сепаратистите поддржани од Русија меѓусебно се  обвинуваат за кршење на новиот договор за примирје кој се совпаѓа со почетокот на учебната година. Но агенциите јавуваат дека украинската војска денеска наутро објавила оти интензитетот на гранатирање на нејзините позиции значително се намалил откако договорот за прекин на огнот стапил во сила во текот на ноќта на 29-ти август.


Од април 2014 година, повеќе од 10.300 луѓе се убиени во борбите меѓу киевските сили и сепаратистите кои управуваат со делови од украинските региони Донецк и Луганск. Договорите за прекин на огнот објавени како дел од договорите за Минск - септември 2014 година и во февруари 2015 година, кои имаа за цел решавање на конфликтот не успеаја да се одржат.


Украинската војска соопшти дека пријавила 18 напади од страна на сепаратистите во текот на претходните 24 часа. Во регионот Донецк, сепаратистите отвориле оган од оружје инсталирано на пешадиски борбени возила, како и од фрлачи за гранати и тешки митралези, се вели во соопштението.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса