Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2018

Шекеринска: Членството во НАТО ќе значи помодерна и подобро платена Армија

0
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска ги посети касарните во Велес и Прилеп и имаше средба со градоначалникот на Прилеп.


 Шекеринска  прво ја посети касарната „Мирче Ацев“ каде, како што рече, се разговарало за проблемите со кои се соочува АРМ и за придобивките од членството во НАТО, што први позитивно ќе ги почувствуваат сите припадници на АРМ.


"Оваа година, поради покачувањето на буџетот за 15 отсто, успеавме да решиме два долгогодишни проблема. Прв пат после многу години се зголеми платата на припадниците на АРМ за 10 отсто и за прв пат пред два месеца почна исплатата на сите дежурства и дневниците поврзани со нив.  Членството во НАТО ќе значи подобра, помодерна, подобро платена Армија. Затоа сум убедена дека на 30 септември граѓаните  ќе го направат изборот, со кој Македонија ќе ја потврдиме, дека ќе има НАТО и европска перспектива, зголемена безбедност, повисоки инвестиции, подобри плати и повеќе работни места, рече Шеќеринска.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса