Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Сентябрь
2018

Мичел - Димитров: НАТО ќе придонесе за побезбедна Македонија

0
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска имаше средба со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Вес Мичел, кој престојува во работна посета на нашата држава.


На средбата беше разговарано за евро-атлантските перспективи на Република Македонија, како и за актуелните политички состојби во земјата и во регионот. Димитров ја потенциреше важноста од натамошна поддршка на САД во евро-атлантските интеграции на Македонија и соработката заснована на стратешкото партнерство:


„Нашето заслужено членство во Алијансата, значително ќе придонесе кон градење на просперитетна и побезбедна Република Македонија, што ќе биде од значење и за целиот регион“, рече Димитров.  


Мичел повторно ја реафирмираше силната поддршка на САД за полноправно членство на Македонија во НАТО и ЕУ и ги поздрави напорите на земјата на тој пат, особено со конструктивната политика со соседите, како и постигнувањето на решение за спорот околу името со Грција. Во тој контекст, тој ги повтори очекувањата за успешен референдум и имплементација на Договорот со Грција, со цел заокружување на процесот на зачленување во НАТО и Европската унија.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса